X
 06.08.2015 Технологија

Кина воведува полиција за интернет


Financial times“ известуваат дека кинеската влада ќе започне да поставува полицајци во канцелариите на големите онлајн-компании, како „Алибаба“ и „Тенсент“.

Полицајците ќе бараат докази за „нелегална интернет-активност“. Министерот за јавна безбедност на Кина ја објави веста пред јавноста неделава.

Кина има строги правила за содржините на интернет. Забранети се порнографијата, сликите или пораките со насилнички пораки и говор против Комунистичката партија. Во 2013 година, 16-годишен кинески блогер беше затворен поради лош говор.

Згора на тоа, кинеската влада неодамна престави предлог-закон со кој онлајн-компаниите треба да ги споделуваат своите податоци со владата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија