X
 09.04.2015 Образование

Средношколците се соочуваат со се` посилни притисоци

Средношколците од повеќе средни училишта низ земјава продолжуваат со бојкотот на наставата поради лошите реформи во образованието.

 

ученици


За денеска во Битола е најавен средношколски пленум на кој пленумците ќе дискутираат дали да им се придружат на нивните соученици во бојкотот на наставата, додека во Охрид средношколците ќе маршираат во центарот на градот.

Од пленумите доаѓаат информации дека средношколците се изложени на постојани притисоци и закани од професорите и директорите на нивните средни училишта.

Во неколку средни училишта се одржани родителски средби на кои се вршел притисок и врз самите родители како и закана за глоба. Притисок се врши и врз класните раководители за да ги запишуваат и да им пишуваат неоправдани на оние ученици кои бојкотираат.

„Постојано сме под притисок кој се зголемува од ден на ден. Меѓутоа не дозволуваме тие да не` демотивираат, напротив, знаеме дека имаме право да се бориме и ќе се бориме“, велат од Средношколскиот пленум.

Од учениците се барало да потпишат пријави дека се согласуваат да полагаат математика, меѓутоа учениците не сакаат да ги потпишат. Последниот рок за пријавување на матура е денес, меѓутоа родителите бараат од училиштата да го продолжат рокот.

Од Министерството за образование се`уште нема никакви информации за средба на министерот Адеми со Средношколскиот пленум. Тој на неколку наврати изјави дека ќе оствари средба, меѓутоа и денеска не ги повика средношколците.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование