X
 09.01.2015 Култура

Луди професии во Кина кои се финансирани од владата

Оние кои не можат да ја најдат совршената работа за нив во земјата можеби треба да се преселат во Кина. Таму има повеќе избор. Барем според листата од луди кинески професии на „Листверс“.


Судија на порно

Дали имате добар вкус за филмови за возрасни? Кина вработува многу филмски судии, кои се платени од страна на владата за да гледаат видеа кои се на било каков начин порнографски. Секој од судиите мора да биде во брак, а илјадници од нив го работат тоа волонтерски.

„Фармери“ за видео игри

Додека во останатите земји, затворениците работат тешки физички работи, во некои кинески затвори, затворениците работат играјќи видео игри. Тие играат игри по 12 часови, за време на кои заработуваат виртуелни пари, кои потоа се предаваат на чуварите, кои ги продаваат за вистински пари.

Платено протестирање

Кинеската влада неодамна вработила луѓе за да протестираат кога над 100.000 кинески граѓани излегоа на улиците на Хонг Конг за да бараат демократија. Платените луѓе протестирале против овие граѓани. Неофицијално, тие биле платени до 100 американски долари.

Фантомски вработени

Сакате да бидете платени, но не сакате да работите? Можеби има работа за вас во Кина. До неодамна, кинеската влада вработувала над 160.000 луѓе за кои се сметало дека ги напуштиле работните места, но продолжиле да добиваат пари за празните места. Овие вработени најчесто се поврзани со властите.

Професионална панда

Доколку некогаш сте виделе панда во зоолошка градина, таа била платена за да биде таму, на некој начин. Кина има монопол за пандите. Секоја панда во зоолошка градина ширум светот е во сопственост од кинеската влада и се изнајмува во зоолошките градини. Владата на Кина добива 1 милион американски долари годишно за секоја панда.

Интернет-коментатори

Кинеската влада вработува дури 300.000 интернет-коментатори кои се платени да пишуваат и објавуваат позитивни коментари за кинеската влада на соодветните статии. Тие се наречени армија „50 центи“ бидејќи се платени по 50 центи за секоја објава.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура