X
 06.04.2015 Култура

Уникатни професии кои ги има само на едно место на Земјата

Доколку некогаш ви е здодевно, отворете „Quora“. Таму ќе најдете илјадници прашања кои чекаат да бидат одговорени и уште толку за кои веќе се понудени повеќе одговори. Едно такво прашање е ова: „Која е уникатната работа која постои само во вашата земја?“ Помеѓу одговорите се најдоа и овие професии.


Боливија - сообраќајни зебри кои го подобруваат сообраќајот.

Виетнам - луѓе кои пренесуваат наставници и ученици преку вода во вреќи за време на поплави.

Техеран - блокирач на регистарски таблички за табличките да не бидат забележани кога се влегува во забранети места.

Холандија - чистачи на канали од велосипеди.

Јапонија - патници кои патуваат со вашето мече доколку вие немате време.

Џакарта - трет човек за возење во автомобил (законот бара најмалку три лица во автомобил на автопатите).

Хонг Конг - тутори за испити на познати личности.

Јапонија - девојка за дремка. Да, може да отидете во едно од кафулињата и да спиете покрај девојка.

Индија - дизајнер на облека за слонови.

Австралија - доктор на летање. Во оддалечените места, лекарите мора да летаат со авион за да стигнат побргу.

Индија - носачи на ручек од домот до канцеларијата.

Велика Британија - дегустатор на храна за домашни миленици.

Јужноафриканска република - чувари на бебиња-ноеви.

Токио - туркачи на луѓе за да може да се затворат вратите од метроата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура