Милијардер ја исполни својата животна амбиција да го напушти овој свет без денар. Судниот ден сè уште не е дојден, но бидејќи Чарлс Чак Финеј во април наполни 89 години, сакал навреме да се погрижи за богатството.
Тој го подари своето богатство вредно 8 милијарди долари. Финеј е коосновач на малопродажната компанија на аеродромите „Дјути фри шоперс“, а откако ги подарил своите пари, вели дека никогаш не бил посреќен. Компанијата ја создал во 1960 година со пријател, но мотивација отсекогаш му била парите да одат во добротворни цели - и тоа и го направил.
Овој филантроп од Америка им дал 8 милијарди
долари на добротворни организации, универзитети и фондации. Ја основал организацијата „Атлантик филантропис“, а донациите биле насочени на здравствени, социјални и политички либерални цели во Австралија, Бермудите, Ирска, Јужна Африка, САД и Виетнам.
Во јавноста Финеј е познат и како Џејмс Бонд во светот на филантропијата. Организацијата „Атлантик филантропис“ била основана пред 36 години и таа значајно помогнала во воспоставувањето мир во Северна Ирска, како и во модернизацијата на здравствениот систем во Виетнам.
- Научивме многу. Можеби нешто би направиле поразлично, но задоволен сум. Се чувствувам добро што ја завршив мојата мисија и им се заблагодарувам на сите што беа со мене на ова патување - изјави Финеј.
- Финеј постави камен-темелник во смисла на инспирација за давање ветувања. Тој е модел за сите нас. Би биле потребни уште 12 години по мојата смрт да го направам она што тој го прави - изјави Ворен Бафет.
Фото: Screenshot