X
 16.01.2015 Технологија

"Фејсбук" ве знае подобро од семејството

Но, не толку добро како сопружникот.


Секој ден, „Фејсбук“ учи повеќе и повеќе за секој свој корисник. Секој „лајк“ потврдува интерес за одредена работа и и' дава на машината битни информации за вас.

Ново истражување од истражувачите на „Кембриџ“ и „Стенфорд„ открива дека неколку „лајкови“ се доволни за алгоритмот да препознае личност на тест подобро отколку луѓето кои ја познаваат таа личност во вистинскиот живот. Со 10 „лајкови“, „Фејсбук“ го познава корисникот подобро од колегата на работа, а со доволно „лајкови“, социјалната мрежа го познава подобро лицето од неговото семејство.

Во истражувањето учествувале 86.220 корисници на социјалната мрежа. Овие корисници решавале тест за личноста и дозволиле пристап до своите „лајкови“ на истражувачите.


Истражувачите создале модел кој користи само „лајкови“ за да предвиди одговори на истиот тест за личноста и го искористиле во споредба со одговорите на прашањата од страна на пријателите и семејствата на учесниците. За секој вид пријателство, освен за сопружниците, алгоритамот дал подобри резултати од познаниците.

Авторите на истражувањето гледаат позитивна примена на напредната технологија, тврдејќи дека може да го подобри животот на луѓето. Што НЕ ВИ СЕ ДОПАЃА тука?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија