Сите знаеме дека оние преубави фотографии на „Инстаграм“ поминале низ десет филтри и „Фотошоп“, но тоа што некој измислил локација на која се фотографираат илјадници луѓе е навистина голема измама, дури и за „Инстаграм“.
Имено, светските блогери се упатија кон Бахамите за да го искористат едно од најдобрите места за сликање во светот, „Портите на рајот“. Огромните камени порти пред езерото зад кое се наоѓа планина изгледаат феноменално, а кога ќе бидете и соодветно облечени, загарантирано добивате 1.000 лајкови за еден час.
Станува збор за храмот Лемпујанг на Бали и веројатно сте го виделе на социјалните мрежи со импозантните столбови и кристално чистото езеро што се спојува со небото. Но, всушност, и не е сѐ толку магично затоа што езерото всушност не постои. Станува збор за парче стакло поставено под камерата на мобилниот телефон.
- Моите соништа и надежи беа уништени кога дознав дека водата на ова место е всушност парче стакло под ајфон - напиша новинарката Полина Маринова, која прва ја открила оваа измама, додавајќи дека ова е доказ дека инфлуенсерите ќе уништат сѐ.
За искуството на ова место пишува и една девојка на нејзиниот
инстаграм-профил, раскажувајќи дека чекала со часови за да се фотографира на ова место, а на нејзините фотографии, без огледало, се гледа дека пред портите нема никакво езеро.
Фото: Instagram