X
 08.12.2015 Култура

Последниот човек на Месечината

Нешто по полноќ на 7 декември во 1972 година, мисијата „Аполо 17“ била испратена од вселенскиот центар „Кенеди“. На неа биле последните луѓе кои ќе стапнат на Месечината (досега).


Во ракетата имало тројца астронаути: Јуџин Кернан, Харисон Шмит и Роналд Еванс. Кернан и Шмит ја истражувале површината на Месечината три дена додека Еванс бил задолжен за командите во леталото во орбитата.

Задачата на екипажот била геолошко истражување и земање примероци од неистражени делови од Месечината барајќи рана вулканска активност.

Шмит бил геолог и првиот професионален научник кој НАСА го испратила во вселената. Неговата мисија со Кернан на Месечината била најдолга на сателитот.

Тие го донеле најголемиот примерок, поминале најмногу време во орбитата на Месечината и го откриле доказот за вулканската историја на Месечината.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура