Иако вистинското потекло на првоаприлските шеги се`уште не е прецизно утврдено, можеме да бидеме сигурни во една работа - и овој 1 април слатко ќе се насмееме на некои шеги, а во некои и можеби ќе поверуваме.
Првото наговестување на овој празник се појавува во литературата од 1.500 година, а со оглед на тоа што историјата е подолга од 500 години, прилично е тешка задачата да се издвојат најдобрите шеги во кои поверува светот.
Погледнете некои од најинтересните.
1. Во 1962 година телевизорите во боја биле вистинска реткост. Шведската национална телевизија го искористила ова и на своите гледачи им пласирала информација дека приемниците можат да се претворат во боја ако преку телевизорот стават пар хулахопки.
2. Во 1966 година американската компанија за брза храна „Taco bell“ објавила дека од американската влада ќе го купи прочуеното „Ѕвонче на слободата“ (Liberty bell) и ќе го преименува во „Taco Liberty Bell“. Ова ѕвонче е едно од најдрагоцените споменици од времето на американската револуција, такашто кај луѓето предизвика револт. Тие се смириле кога компанијата објавила дека станува збор за шега.
3. Британскиот астроном Патрик МУр на 1 април 1976 година објавил дека ретката положба на планетата привремено целосно ќе ја намали гравитацијата на Земјата, поради што луѓето ќе имаат можност да лебдат. Стотина слушатели се јавиле во редакцијата за да кажат дека експериментот бил успешен и дека тие лебделе.
4. На 1 април 1998 година, научниот магазин „New Mexicans for science and reasons“ објави вест дека американската држава Алабама ја променила вредноста на бројот Пи од 3.14 на 3.00.
5. Славниот концептуален уметник Скагс секоја година објавува дека на 1 април ќе организира посебна парада во Њујорк. Секој пат се собираат новинари, но единствената вест што ја добиваат е дека станува збор за априлска шега.
6. Многу корејски и кинески страни на 1 април 2003 година известија дека CNN објавила за убиството на сопственикот на „Microsoft“ Бил Гејтс. Резултатот е пад на акциите на корејската берза за 1.5%.
7. Британскиот весник „Daily Mail“ на 1 април 2006 година објавил дека британскиот премиер Тони Блер ја исфарбал вратата во црвена боја на Downing Street, која традиционално е обоена во црно, додека „Times“ објавил текст за новиот заштитен систем на кредитни картички кој се активира со пеење.
8. Шведскиот водечки дневник „Dagens Nyhter“ на 1 април 2006 година исплашил илјадници велосипедисти со тврдењето дека властите ќе ја ограничат брзината на велосипедистите на 20 километри на час.
9. Во Белгија истата година, радиомрежата VRT објави дека регионалната влада во Фландрија била толку загрижена поради влијанието на мрачните временски услови во земјата врз населението, што одлучила да даде 10.000 сончеви чекови за граѓаните, за бесплатна посета на солариумите.
10. Познатиот синџир за брза храна „Burger King“ во 1998 година објавил голем оглас во весниците во кои го претставил хамбургерот за левучарите. Компанијата објаснила дека тој ќе остане како и оригиналниот, само што состојките ќе бидат ротирани за 180 степени за тие да не се излеваат од десната страна на хамбургерот.