X
 28.10.2017 Наука

Мистериозни антички камени структури пронајдени околу оддалечена лава купола

1
Фото: Google Earth

Се наоѓаат на средината од никаде и би можеле да се стари скоро 9,000 години. Но зошто древните луѓе изградиле 400 мистериозни камени „порти“ околу лава куполите?

Овие камени структури, што се наоѓаат длабоко во пустината на Саудиска Арабија, биле детално прикажани преку анализа на сателитски фотографии од истражувачот на Универзитетот во Западна Австралија, Дејвид Кенеди. Се нарекуваат „порти“ бидејќи гледано од птичја перспектива изгледаа како цртежи од традиционални порти пронајдени на полињата на фармерите.

1
Фото: Google Earth

Меѓутоа, портите немаат никаква смисла бидејќи водат кон антички куполи на лава, а се претпоставува дека и за време на нивната изградба, лавата била активна.

Порти до пеколот

Откритието се наоѓа во вулканскиор регион на Харат Кајбар, во Саудиска Арабија. Археолозите имаат доста работа, најпрво да ја утврдат нивната точна возраст, која била нивната цел и кој ги создал. Научниците претпоставуваат дека за време на нивната изградба, Харат Кајбер било драматично место. Куполите имале базалтна лава и штетни гасови. Периодично, изливите на лава течеле по страната на куполите за да создадат полиња на постојано ладење на стопениот камен. Токму над овие полиња биле создадени грубите камени ѕидови.

2
Фото: Google Earth

„Идентификацијата, мапирањето и прелиминарното толкување подразбираат ран датум во редоследот на делото, можеби најрано, но очигледно никој не може да ја објасни нивната намена“, пишува професорот Кенеди.

„Портите се наоѓаат исклучиво во мразчни, непријатни лава полиња со слаба вода или вегетација, на места навидум непожелни за нашиот вид“, додава тој.

„Лава полињата често се богати со археолошки остатоци, што подразбира поширока вегетација, а неодамнешната теренска работа во која се идентификуваа поголемите локалитети ја поддржуваат оваа идеја“, вели Кенеди.

3
Фото: Google Earth

Некои од камените ѕидови всушност се закопани од тековите на лавата - сигурен показател за нивната возраст. Повеќето се долги околу 200 метри, а најголемиот се протега на 519 метри.

Со цел научниците подобро да ги истражуваат ќе биде потребно да се доближат до местото, што би претставувало најголемиот предизвик за археолозите со оглед на оддалеченоста на локалитетот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука