X
 18.01.2015 Образование

Студентскиот пленум го поддржува протестот за новинарот Кежаровски

И Студентскиот пленум по примерот на професорите го поддржува и застанува зад протестот за Кежаровски. Тие јавно ги повикаа пленумците да излезат во вторник и да се спротивстават на насилството на власта.

 

Неутралноста му помага на угнетувачот, никогаш на угнетуваниот. Молкот го охрабрува мачителот, никогаш мачениот.
Граѓани, заземајте страни!

Студентски пленум го поддржува протестот против пресудата за новинарот Кежаровски. Во држава што си ги затвора новинарите не можеме да очекуваме слободни и непристасни медиуми (и медиуми што ќе известуваат за ‪#‎СтудентскиМарш‬)
‪#‎ПоздравПленумци‬ и ајде на улица!, објавија пленумци на својата официјална Фејсбук страна.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование