X
 19.01.2015 Образование

Обама предлага бесплатно студирање во Америка

За студирање во Америка поголемиот дел од студентите во нашата земја можат само да сонуваат особено поради високите партиципации, а многу студенти од Америка се задолжуваат или креваат кредити за да се запишат на факултет.

 

обама


Но, со новиот предлог претседателот Барак Обама вели дека за одговорните и вредните студенти ќе се овозможи бесплатно школување во рок од две години. На тој начин би се намалил бројот на задолжени млади лица, а би се зголемил бројот на вработени.

Условите кои студентите мораат да ги задоволат за да се ослободени од партиципација е да бидат присутни на повеќе од половина предавања на јавните универзитети, како и просекот да не им е под 2.9 GPA (Grade point average).

Кои се сите предности и зошто Обама се одлучил за ваков чекор, погледнете го видеото подолу. 

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование