X
 15.07.2016 Образование

Причини поради кои учениците имаат проблеми со математиката

Алгоритмите, децималите и дропките се чинат како безопасни математички термини. Но, за голем број деца тие предизвикуваат страв, па дури и анксиозност кога станува збор за математиката. Децеата денес, повеќе од било кога, се соочуваат со потешкотии во математиката. Која е причината за загриженост и како можете да им помогнете?

 

деца


1. Математиката „не простува“ кога учениците не бараат помош


Истражувањата покажуваат дека учениците треба да ги научат математичките концепти во спирален процес. Ова има свои предности и недостатоци. Тоа значи дека темата е воведена, а се случуваат можности за пракса и повратни информации помеѓу ученикот и наставникот, а потоа се преминува на следната тема. Се' додека се воведени вештините, детето треба повторно и повторно да се среќава со нив.

Нив им е дадена можност да го ревидираат она што го научиле како што наставникот продолжува со специфичната тема. Иако ова звучи одлично во теорија, ако ученикот навистина има потешкотии со вештината и не ја усоврши со текот на времето, ниту пак бара помош за подобро да ја сфати темата, не постои начин на кој тие ќе бидат во можност да ја искористат и да ја применат.

На пример, учениците треба целосно да сфатат дека множењето е повторено собирање. Тие ќе треба да знаат да ги поврзат броевите  и да ги гледаат како семејство. Ако не можат да го направат ова, тие нема да можат да го добијат знаењето и разбирањето со цел подоцна да ги поделат броевите.

Значи, во суштина, ако студентите не усовршат одредена вештина бидејќи не побарале помош поради нивното неразбирање, тие никогаш нема да можат да напредуваат со други значајни способности.

2. Ако не ги сфатат термините, тие ќе се изгубат


Математиката е преполна со различни термини. Фактор, сума, равенка, дивиденда, делител итн. и сите тие можат да бидат застрашувачки за учениците, ако тие не сфатат што овие математички концепти значат. Во некои случаи, наставниците не поминуваат доволно време разговарајќи за овие термини или пак не нудат доволно пракса кога станува збор за користење и примена на зборовите во реални животни ситуации.

Математичкиот речник е исто како читање на зборови од речникот; треба да бидат поставени според детска перспектива за тие да можат да го активираат нивното знаење или да ја изградат нивната позадина со цел да ги поврзат со секој збор. Меморирањето на зборот не е доволно. Учениците треба да ја разберат смислата и контекстот на зборовите.

Менторот и основачот на „Eureka Math Tutors“, Мајкл Пријев објаснува: „Повеќето деца знаат колку е 6:3, но за нив потешко е да ја пресметаат дропката 1 : ½“.

Тој понатаму додава дека „математиката, на било кое ниво, во голема мера се потпира на вештини за критичко размислување и овие вештини се токму она што им недостасува на учениците денес. Ако ученикот сфаќа дека 6:3=2 затоа што две тројки има во 6, тогаш тие ќе можат да ја искористат истата идеја за да откријат дека 1 : ½=2 бидејќи токму две половини има во 1. Овој концепт може да се користи како алатка за решавање на многу различни равенки поврзани со дропките“.

3. Учениците не вежбаат

Математиката е и треба да биде систематска со учењето на основните факти.

Децата не вежбаат постојано дома со цел да изградат брзина и да бидат постојано изложени на математика. Исто така, постарите деца имаат тенденција да ги слушат нивните наставници кои ја презентираат математичката лекција и одат дома и мислат дека ја сфатиле лекцијата. Но, за многу ученици, кога ќе го земат пенкалото и хартијата за да се обидат да решат одредена задача, тие не можат да ја решат сами. Нив им е потребно постојано вежбање за да ги научат новите математички концепти, и во училницата и дома.

Постојат многу други променливи кои влијаат врз постигнувањата на учениците во математиката, но овие три се меѓу најголемите фактор кои влијаат врз учениците денес. Потребно е децата постојано да се поттикнуваат и да им се поставуваат прашања ако тие не сфаќаат нешто, да го применуваат математичкиот речник редовно и да учествуваат во вежбите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование