X
 20.02.2015 Наука

Каков ќе биде крајот на нашата цивилизација?

1

 

Веројатно секоја генерација мисли дека ќе биде последна. „Судниот часовник“ е темпиран уште од 1947 година. И покрај тоа што многу експерти велат дека ние сме „генерација која плачи за апокалипса“, сепак се чини дека ова сценарио и не е така невозможно.


Извештајот од Фондацијата за глобални предизвици од оваа недела наведува 23 причини, односно ризици кои се закануваат на човековата цивилизација. И секако, трите „нови“ ризици кон кои посочува технолошкиот развој: вештачката интелигенција, нанотехнологијата и синтетичката биологија.

Сето ова е застрашувачко, со оглед на тоа што ја одразува секоја нормална реакција на новата технологија која доаѓа заедно и и` се заканува на познатиот и безбеден статус кво.

Извештајот потенцира неколку футуристички сценарија со кои ќе се стави крај на нашата цивилизација: Манипулацијата со биологијата ќе доведе нова ера на био-војна; Нанотехнологијата ќе ни дозволи без никаков напор да произведеме арсенал за мали нуклеарни оружја; суперинтелигенцијата ќе одлучи да создаде свет без човекот. Што мислите вие, од која дистописка иднина треба навистина да се плашиме?
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука