X
 25.01.2015 Култура

За "Денот - Д" ...

Битката за Нормандија, исто така позната како „Денот Д“, започна на 6 јуни 1944 година и претставуваше почетокот на голема инвазија на германската окупирана Западна Европа за време на Втората Светска војна. Но, зошто овој ден бил наречен „Денот Д“?

 

den


Најлогички е кратенката да се однесува на зборовите „designated day“ (назначениот ден) или пак „decision day“ (денот на одлука). Дури и Генералот Двајт Ајзенхауер добил неколку писма во кои луѓето бараат објаснување за значењето на Денот Д. Неговиот асистент напишал дека буквата се однесувала на скратената верзија на „departed day“ (покоен ден).

Со оглед на тоа што Ајзенхауер помогнал да се испланира, ова значи дека случајот за значењето на буквата е решен, нели? Но, се чини дека повеќето историчари не се согласуваат. И навистина, доказите не ја поддржуваат теоријата на асистентот на Ајзенхауер.

Навестувања за вистинското значење може да бидат пронајдени долго време пред Втората светска војна во налогот до американската армија објавен на 7 септември 1918 година во кој се вели: „Првата армија ќе нападне во H часот на D денот, принудувајќи евакуација“.

Во тој контекст, и со бројни борбени операции кои следувале во текот на годините, буквата D (Д) се однесувала за „денот“ во кој ќе се случел борбениот напад, со H, oднесувајќи се за часот во кој било предвидено да се случи нападот. Така што, буквата е променлива за вистинскиот датум, а веројатно првично била наменета да стои како „датум“ или „ден“, доколку поврзаноста со H-hour има некаква индикација.

Употребата на Денот Д му овозможи на воениот персонал лесно пред време да ја испланираат борбената мисија без да се знае точниот датум на случување. Со едноставно назначување дека нападот ќе се случи на „Денот Д“, се реши ова прашање, а дополнителна корист беше тоа што датумот се чуваше во тајност долго време, што беше еден од многуте методи за да се збунат германските војници во врска со очекуваната инвазија.

Што се однесува до подготовките пред „Денот Д“ и плановите после, се користело додавање на знаците плус и минус после буквата „Д“. Така на пример, Д-1 значело денот пред операцијата, додека Д+3 значело три дена после операцијата. На овој начин, плановите биле изложени на календарот кога военото раководство одлучувало за денот на нападот. Доколку денот требало да биде променет во последен момент, било доволно лесно за калибрирање на план за нов датум.

Според сето ова, „Денот Д“ кој се случил на 6 јуни, 1944 година, не бил единствениот „Ден Д“ за време на Втората светска војна и сигурно не бил последен, бидејќи овој метод на планирање на воени операции продолжиле до денес. Секако, бидејќи „Денот Д“ во битката за Нормандија беше и продолжува да биде една од најпознатите, се чини дека во блиска иднина ќе продолжи да биде поврзана со „Денот Д“ и покрај тоа што војската продолжува и понатаму да го користи овој термин.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура