X
 28.02.2015 Образование

Дали можете да ги одговорите овие прашања од детски натпревар за генијалци?

Натпреварот „Child Genius“ е организиран од Америка, и во него учествуваат најпаметните деца од оваа земја кои ги тестираат нивните вештини.

Во соработка со Менса, овие надерени деца, кои имаат 98% или повисоко на стандардизираниот тест за интелигенција, на овој осум-неделен натпревар децата се натпреваруваат во полето на математиката, географијата, правописот, меморијата, тековните настани, астрономијата, пронајдоците, логиката и културата и тие мораат да ги одговорат следните прашања за 20 секунди:

Математика

(Без хартија и пенкало)

Пресметај 14х8-11 и резултатот помножи го со 2.

Колку е една половина од 538?

На 39.553 додај му 2.302.

Додај 61,13,49 и 43.

Колку е 22.8 поделено со 3?

Светска географија

Која е официјалната валута на Бугарија?

Кој е највисокиот водопад во светот?

Кој е главен град на Шри Ланка?

Како се нарекува најдлабоката точка во Тихиот Океан?

Која земја е директно северно од Кипар?

Според површина, која е најголема земја во Јужна Америка?

Која е официјалната валута на Кенија?

Ако полетате источно од Њујорк, која би била првата земја што ќе ја прелетате?

Која е најгусто населена држава во светот?

Човечко тело

Која компонента во крвта помага во згрутчување?

Кој дел од невронот ги забележува имплусите од соседните неврони?

Која артерија доставува крв до бедрата?

Кој дел од мозокот ги координира мускулните контракции и рамнотежата?

Што ја спречува крвта да тече наназад во вените?

Зоологија

Кој птица е најголема во светот?

Што користат пеперутките за го исцицаат нектарот од цветот?

Пронајдоци

Кој го развил процесот овозможувајќи масовно производство на амонијак за употреба на ѓубрива и експлозиви?

Ласло Биро му продал патент на еден француски барон во 1950 година. Кој бил овој уред?

Во текот на Втората светска војна, каква машина развил Алан Тјуринг за декодирање на шифрираните пораки испратени од страна на германската војна?

Кој австриски биолог ги открил крвните групи и го развил нивниот систем на квалификација?

Кој уред го измислил Тревор Бејлис во 1991 година?
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование