X
 30.04.2015 Живот

Зошто е подобро да работите во Фејсбук отколку во Гугл?

Според истражувањето на Business Insider за Топ 50-те компании за работа во Америка, Фејсбук се наоѓа на првото, а Гугл се наоѓа на второто место.

 

fb


И двата технолошки гиганти се одлични работодавци, меѓутоа зошто Фејсбук се наоѓа на првото, а Гугл на второто место? Одговорот на ова прашање лежи во нивната споредба.

1. Луѓето кои работат во Фејсбук се посреќни


Вработените од двете технолошки компании се среќни што работат во најдобрите компании во светот, меѓутоа вработените во Фејсбук имаат 93% рејтинг на ниво на задоволство, наспроти 84% на Гугл.

„Секое утро кога влегувам во компанијата се чувствувам како најсреќниот човек во светот што работам токму тука“, вели Менло Парк кој работи во Фејсбук.

2. Имаат поголема слобода


Постојат голем број фактори кои придонесуваат за високото ниво на среќа, а еден кој најмногу се издвојува е тоа што Фејсбук верува во неговите вработени.

Дон Фаул, поранешен вработен во Фејсбук вели дека во споредба со Гугл кој поструктуриран и повеќе внимание обрнува на титулата „менаџер“, вработените во Фејсбук се повеќе насочени кон испитување и критикување на нивните менаџери. Овој вид на слобода е можеби е една од најважните причини за ангажираноста на работниците.

„Не добивате ништо со тоа што имате одредена титула. Се` е сведено на квалитетот на работата, моќта на вашето убедеување и можноста да влијаете врз луѓето“, велат вработените.

3. Заработуваат повеќе пари


Сите знаеме дека парите не се се` кога станува збор за задоволството на работа - меѓутоа сигурни помагаат во задоволувањето. Иако можеби поголемата плата нема да ја зголеми вашата среќа, истражувачите од Универзитетот во Колумбија и Државниот универзитет во Мичиген откриваат дека луѓето со повисоки приходи се чувствуваат посреќни - нешто што вработените во Фејсбук го знаат многу добро.

Просечно, еден искусен вработен во Фејсбук заработува 135.000 долари годишно во споредба со 133.000 долари во Гугл. Исто така, еден практикант во Фејсбук заработува околу 7.400 долари месечно, додека во Гугл практикантите заработуваат 7.200 долари месечно.

 

1


4. Доживуваат помалку стрес


Доколку сакате да работите професија во која нема стрес, тогаш добро би било да ги избегнувате компаниите како Гугл и Фејсбук. Но, истражувањата покажуваат дека голем дел од вработените во Фејсбук велат дека имаат ниско ниво на стрес за разлика од другите технолошки компании, вклучувајќи ја и Гугл.

5. Сметаат дека нивната работа е позначајна

„дали вашата работа го прави светот подобро место за живеење?“ - токму ова прашање им беше поставено на вработените во Фејсбук и Гугл. 81% од вработените во Фејсбук одговориле позитивно, додека 67% од вработените во Гугл имале позитивен одговор.

6. Процесот на вработување е полесен

За вработување во Гугл, потребни се просечно шест недели, а процесите на интервју се потешки од оние на Фејсбук.

Еден поранешен вработен во Гугл вели дека технолошкиот гигант има навика најдобрите и најпаметните кандидати да ги вработи на работни места од пониско ниво.

„Постојат студенти од топ 10 колеџи кои обезбедуваат техничка поддршка за реклами, или спуштаат означена содржина од Youtube и слични едноставни задачи“, вели поранешниот вработен.

 

3


7. Помал тим значи повеќе место за растење

Друг поранешен вработен во Гугл на Quora напиша дека Гугл е премногу голем за неговите 53.000 вработени да имаат вистинско влијание. Фејсбук пак, има помал тим од 10.000 луѓе.

„Освен ако сте навистина талентиран инженер кој успева да создаде нешто ново, вие сте едноставен човек кој е дел од таа машинерија“, вели поранешниот вработен.

Кога станува збор за искачување на скалата, вработените од Фејсбук велат дека имаат големи можности за растење. Во споредба со вработените од Гугл, Фејсбуковци велат дека се доста задоволнисо кариерните можности во Фејсбук.

8. Тие ги обожаваат бенефициите, особено оние за родителите


Фејсбук и Гугл имаат одлични бенефиции - бесплатна храна, одлична средина во канцелариите, превоз до работа и од работа дома, меѓутоа Фејсбук победува кога станува збор за одделот на родителите.

Таа е една од првите компании која нуди покривање на трошоците за замрзнување на јајца што чини околу 20.000 долари, а нејзините вработени обожаваат тоа што можат да уживаат во родителството со оглед на тоа што компанијата има совршени поени на Glassdoor кога станува збор за породилно и за мајката и за таткото.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот