Се`уште не е познат конечниот број на жртви во земјотресот во Непал, меѓутоа знаеме дека бројот на мртви е преку 2.000. Околу 7.000 се повредени, а уште стотици луѓе се заробени под урнатините на нивните куќи.
Земјотресот од 7.8 степени според Рихтеровата скала го затресе цел Непак, но се почувствува и во околните држави. Иако не е најсилен земјотрес кој ја погодил Земјата во последните неколку децении, штетата и бројот на жртвите е висок.
За среќа земјотресот не е ни најблизу до најсмртоносните земјотреси кои светот ги доживеа од 2003 па се` до денес. Ова се најкатастрофалните 5.
1. Иран, 31.000 жртви
26 декември, 2003 година - Земјотресот од 6.6 степени го погоди југоисточниот дел на Иран при што загинаа најмалку 31.000 луѓе, биле повредени 30.000 луѓе, а без покрив над главата останале 75.000 луѓе.
2. Пакистан, 80.361 жртви
На 8 октомври 2005 година, 80.361 луѓе загинаа во земјотрес од 7.6 степени, а беа повредени повеќе од 70.000 луѓе.
3. Кина, 87.587 жртви
На 12 мај 2008 година провинцијата Сечуан ја погоди земјотрес од 7.9 степени. Преку 87.000 луѓе загинале, 350.000 биле повредени, а над 5 милиони луѓе останале без дом, додека 45 милиони почувствувале директни последици од земјотресот. Беа уништени 5 милиони згради, а штетата се проценува над 86 милијарди долари.
4. Индиски Океан, 227.898 жртви
На 26 декември 2004 година силен земјотрес од 9.1 степени го погоди Индискиот Океан и предизвика катастрофално цунами. Починаа над 220.000 луѓе, а 1.7 милиони луѓе од 14 земји од Јужна Азија и Африка ги изгубија своите домови.
5. Хаити, 316.000 жртви
На 12 јануари 2010 година силен земјотрес го потресе Хаити од 7 степени според Рихтеровата скала. Иако земјотресот беше послаб од оној во Непал, сепак починаа над 316.000 луѓе, а се смета дека е една од најлошите природни катастрофи во историјата на Хаити.