Можеби ќе ве изненади фактот што голем број земји низ светот имаат чудни рестриктивни закони кои кај нас се сосема вообичаени и секојдневни нешта.
Продавање цигари во Бутан
Сите знаат дека пушењето е лошо, па така во нашата земја веќе е стапен во сила законот кој го забранува пушењето на јавни места. Голем дел луѓето го прифатија законот и секако, животот продолжува - се` додека цигарите не ве убијат. Меѓутоа, Бутан го однесе пушењето на сосема друго ниво. Оваа држава криминализира речиси се` што е поврзано со тутунот.
Самото пушење не е нелегално, меѓутоа не постои легален начин како да купите цигари или тутун во Бутан. Актот за контрола на тутунот донесен во 2010 година забранува одгледување, берба, производство и продажба на тутун и производи од тутун. Земјата дава дозвола за посетителите кои носат тутун за лична употреба. Интересно е тоа што никој не знае зошто постои оваа забрана.
Богохулење на многу места
Слободниот говор е интересна работа. Сите сме за него, се` додека нешто ја премини границата. Кога станува збор за богохулење, неговите закони не се само чудна работа која произлегува од книгите по историја. Едно истражување покажува дека 22% од земјите во светот имаат закони за богохулење и нелегално отпадништво, што е напуштање на верата. И додека ова е често во земји како Судан и Пакистан, овие закони се појавуваат во држави од кои никогаш не би очекувала.
Една третина од земјите во Америка го криминализираат богохулењето, вклучувајќи ги и Бахамите кои даваат две години затвор за ова кривично дело. Европа има голем број на закони против богохулењето. Дури и во Данска, кадешто 28% од граѓаните веруваат во Бог, има закони против богохулење.
Пушење марихуана во Јамајка
Марихуаната е веќе легализирана во неколку земји, такашто нема потреба да одите во Јамајка за да пушите. Што е одлично, со оглед на тоа што марихуаната е нелегална во Јамајка уште од одамна. И не само што е нелегална во Јамајка, туку законите против марихуаната се ригорозно засилени.
Негирање на Холокаустот
Поголемиот дел од нас се сигурни дека Холокаустот се случил. Сигурно и вие не мислите дека гасните комори биле мит или дека Аушвиц било добро место или пак дека Хитлер бил еден вид на случаен минувач кој се заплеткал во сите овие работи ненамерно. Во нашата земја, негирањето на Холокаустот може да ве направи глупави или во најлош случај луѓето ќе започнат да ве навредуваат и се` ќе заврши со расправија.
Меѓутоа многу полошо ќе поминете во 17 земји - како што повеќето го нарекуваат „поттикнување на расна омраза“ може да предизвика парични казни и затвор во земји кои се бореле против Нацистите, со Нацистите или биле незаинтересирани во борбата. Во Израел добивате 5 години затвор, а Европската Унија и` дозволува на земјите членки да доделат 3 години затвор за „расизам и ксенофобија“.