X
 31.01.2015 Култура

Џорџ Р.Р Мартин: "Нема нова книга во 2015 година"

Издавачот на Џорџ Р.Р. Мартин потврди дека „Ветровите на зимата“, шестата книга од популарната „Песна за мраз и оган“, нема да биде објавена во 2015 година.

 

книга


„Ова се доста комплексни книги и бараат огромна количина на концентрација за да се напишат. Фановите треба да ценат дека должината на овие чудовишта е еквивалентна на два или три романи на другите писатели. Петатта книга, „Танц со змејовите“, беше објавена во 2011 годин“, вели Џејн Џонсон од „HarperCollins“.

Во декември, промоцијата на книгите на Мартин наречена „12 дена на Божиќ“, ги натера фановите да веруваат дека на тој начин се најавува нов дел, терајќи го авторот да ги уништи овие гласини.

„Од некаде се појавија гласини дека „12 дена“ е всушност одбројување и дека на Божиќ, ќе се појави нова книга. Се извинувам не е вистина“, изјави Џорџ.

„Реков и претходно и ќе речам повторно, не си играм со вестите во врска со книгите. Знам колку луѓе чекаат и колку претходно чекале, и знам колку се вознемирени. Се`уште работам на книгата. Кога ќе биде готова ќе објавам. Нема да постојат никакви индиции кои ќе треба да се дешифрираат, ниту пак кодови со скриени значења, ќе објавам јасно и гласно. Нема да го темпирам да биде тоа на Божиќ или на Св.Валентин или на роденденот на Линколн. Книгата нема да воскресне од мртвите со Исус на Велигден. Кога ќе биде готова, ќе кажам“.

Претходно беше објавена илустрирана верзија на три објавени романи. Нова компилација со илустрации ќе излезе во октомври оваа година. Колекцијата наречена „A knight of the seven kingdoms“ претходно не била објавена заедно, а издавачот на Мартин најави дека фановите ќе имаат можност да погледнат во некои работи кои ќе дадат индикација за идниот развој на настаните во Вестерос.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура