X
 01.02.2015 Култура

Како би изгледал светот ако земјите беа големи колку нивното население?

Мапите се познати по тоа што го прикажуваат светот во само две димензии - континентите и земјите стануваат извртени, а со тоа е извртена и нашата перцепција во врска со тоа колку се навистина големи.

 

mapa


Инспириран од слична мапа од картографот Пол Брединг кој ја променил големината на земјите врз основа на големината на нивната популација, студентот Чејс Морман одлучил да создаде своја ажурирана верзија од мапата.

„Ми беа потребни околу три месеци“, вели Морман. „Беше навистина забавно да се создаде мапата, а потоа да се сподели со светот. Чест ми е што мапата е толку популарна“, додава тој.

Преку користење на Википедија како извор и Microsoft Paint како негова алатка, Морман успеа да ги задржи основните препознатливи облици на земјите.

„Бруцош сум на UW Eau Claire, и учам информатика“, вели Морман. „Но имам страст за мапите и мислам дека можам да им помогнам на луѓето да се едуцираат токму со оваа мапа. Мислам дека погледот на светот на овој начин е корисен во гео-политиакта, бидејќи го претставува делот од светот што е најинтересен за нас: луѓето во него“.

 

За да ја погледните мапата во поголема резолуција кликнете ТУКА.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура