X
 05.02.2015 Култура

Сакате повеќе пари? Научете некој од овие јазици

Знаењето на англискиот јазик помага во тоа што овој јазик е зборуван од голем дел од светското население. Но, за да успеете лично и професионално пожелно е да учите и други јазици. Секако, учењето јазик не е краток план за успех во животот, а тоа не е ни лесна задача. Усовршувањето на одреден јазик може да трае со години. Меѓутоа, доколку сериозно сакате да одите само нагоре по скалилата на успехот, сигурно во одреден момент ќе посакате да знаевте некој јазик. Па, кои јазици се најдобри за учење во моментов?


Кинески (Мандариски)

Светот полека сфаќа и го прифаќа фактот дека Кина наскоро ќе биде една од најмоќните држави во светот. Кина има строги закони во однос на бизнисот и јазикот е баран во најголемите индустрии.

Француски

Јасно е дека времињата во кои францускиот бил лингва франка се одамна поминати, но овој јазик се' уште има глобално значење бидејќи меѓународните организации како ЕУ и ОН го користат. Францускиот е корисен и за уметниците и оние кои работата во областа на модата.

Шпански

Шпанскиот јазик е најзборуван прв јазик на светот. Едноставно, многу луѓе на светот го имаат овој јазик како мајчин. Тоа секако е доволна причина за негово изучување.

Арапски

Средниот исток е еден од најбогатите региони во светот, што значи дека арапскиот јазик е корисен за бизнис и трговија. Новинарството и туризмот се други индустрии каде би имале поголеми шанси за успех со знаењето на јазикот.

Германски

Германскиот го нема истото влијание во светот како англискиот и шпанскиот, но е најкористен мајчин јазик во ЕУ. Со тоа, тој е еден од најкорисните јазици за било кој бизнис во Европа. Германскиот е и втор најчесто користен јазик во научните насоки.

Јапонски

Јапонците се поврзуваат со технологијата, па така и јазикот се поврзува со индустријата. Ова е особено точно кога станува збор за роботиката. Се смета дека оваа индустрија ќе вреди повеќе од еден милион работни места до 2025 година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура