X
 18.08.2021 Живот

Младите се сѐ позадолжени, а платите им се намалуваат: Дали ќе одат во пензија?

Неодамнешните извештаи покажаа дека помалку од 30 отсто од американските работници се на пат воопшто да не се пензионираат, а уште помал процент од нив мислат дека ќе имаат удобна пензија.

Можеби се во право.

- Знам дека не сакавте да го слушнете ова, но во денешниот свет постојат неколку големи фактори што ќе дејствуваат за да го задржат мнозинството од помладата генерација во работна сила на неодредено време - се наведува во видеото на јутјуб-каналот „Како функционираат парите“ (How Money Works).

Притоа, се напоменува дека сето ова беше земено предвид пред почетокот на глобалната пандемија, која дополнително ги наруши глобалната економија и пазарот на трудот.

Актуелната криза го нагласи јазот помеѓу помладите генерации - со помал имот во сопственост и понесигурно вработување.

Пензионирањето е многу потешко сега отколку порано, и на многу работници им се чини дека ќе мора да работат „до смрт“: Во САД, каде што е најразвиен пазарот на труд и недвижности, припадниците на генерацијата З и милениумците сѐ потешко и сѐ подоцна наоѓаат свој стан/куќа.

Тешко им е и на оние што работат во областа на банкарството, финансиите и ИТ-секторот, и се преселуваат во Њујорк, Чикаго или Сан Франциско. Истражувањето од истражувачкиот центар „Пју“ покажува дека повеќето Американци на возраст од 18 до 30 години сѐ уште живеат со своите родители во Америка.

Просечната возраст на која младите го купуваат својот прв дом во 2019 година беше 34 години, а се проценува дека ќе биде уште полошо поради последиците од пандемијата. Претходно Американците можеа да си го дозволат својот прв имот уште во текот на нивните дваесетти години.

И не само тоа. Сега тие купуваат помали станови и поретко купуваат типични американски семејни куќи. Не затоа што младите луѓе не сакаат таков тип недвижен имот, туку затоа што не можат да си го дозволат тоа.

Поседувањето имот е важна ставка насекаде, особено во САД, каде што месечните трошоци, особено ако сте под кирија, се прилично високи.

Долговите се натрупуваат, а работниците сѐ помалку сакаат да одат во пензија, знаејќи какви пензии ќе имаат. Покрај тоа, иако ситуацијата во САД сега е стабилна, инфлацијата во еден момент зеде замав и влијаеше врз индексот на потрошувачките цени, што дополнително воведе песимизам во врска со навременото пензионирање.



Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот