X
 08.02.2015 Технологија

Бесплатни програми за враќање на загубени и избришани фотографии

Губењето фотографии, без разлика дали поради случајно бришење или проблеми со технологијата, е ужасно. За среќа, постојат повеќе програми за враќање на загубените фотографии. Секогаш кога форматирате уред или бришете фотографија од апаратот или било што друго, врската со фотографијата се отстранува, но самите податоци остануваат. Нив може да ги вратите доколку не се заменети со нови податоци. За тоа ви е потребен еден (или повеќе) од овие бесплатни програми за обновување на загубени фотографии.


PhotoRec

Оваа алатка поддржува повеќе од 400 формати, меѓу кои JPG, MSOffice, OpenOffice. Апликацијата се користи од страна на многу корисници поради безбедниот начин на враќање на фотографиите.


Free Any Photo Recovery

Ова е програм за наоѓање загубени фотографии, видеа и песни од компјутер и УСБ-уреди. Алатката ги поддржува речиси сите уреди за чување податоци. Со неа може лесно да ги вратите избришаните и загубени документи.


Pandora Recovery

Ова е програм кој целосно го скенира компјутерот и ги бара сите избришани документи кои не се заменети со нови. Со него може да наоѓате слики, песни, филмови и документи.


Undelete 360

Ова е моќен програм кој наоѓа избришани фотографии од тврди дискови, УСБ-уреди, флопи, дигитални апарати и друго. Со него може да наоѓате избришани фотографии поради зараза од вирус или пад на систем и слично.


Stellar Phoenix Photo Recovery

Ова е често препорачуван софтвер за пронаоѓање избришани документи, како фотографии, музика или видеа од тврд диск, мемориска картичка или други уреди за чување податоци.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија