X
 08.05.2018 Здравје

Ако вежбањето беше апче, ќе му беше препишано на секој пациент со рак

Водечките австралиски истражувачи ја поддржуваат првата кампања за активноста да биде дел од кој било третман.

Вежбите треба да им бидат препишани на сите пациенти со рак, велат водечките експерти за рак во Австралија.

Друштвото за клиничка онкологија од Австралија го објави својот став за улогата на вежбањето заедно со хирургијата, хемотерапијата или зрачењето. Поддржан од група од 25 влијателни здруженија за здравје и рак, вклучувајќи го и Советот за рак на Австралија, ова е прв став на истражувачите дека вежбањето е суштинска компонента на третманот.

Главниот автор, професор Пру Корми од австралискиот католички универзитет, изјави дека нивниот став е заснован на неоспорени докази.

- Навистина сме во стадиум кога науката ни кажува дека забраната за вежбање кај пациентите со рак може да биде штетна. Вежбањето е најдобриот лек кај луѓето со рак и тие можат да вежбаат во прилог на стандардните третмани за рак. Тоа е така затоа што сега знаеме дека луѓето што редовно вежбаат имаат помалку сериозни несакани ефекти од третманот; замор поврзан со ракот, ментална вознемиреност, квалитет на животот - вели тој.

Исто така, тие имаат помал ризик од враќањето на ракот или од смртност.

- Ако ефектите од вежбањето може да бидат ставени во апче, тоа ќе му биде препишано на секој пациент со рак во светот и ќе се смета за голем чекор во лекувањето на ракот. Ако имавме апче наречено вежбање, специјалистите за рак ќе им го препишуваа на сите пациенти и ќе беше субвенционирано од владата - вели таа.

Поминаа деновите кога пациентите со рак беа чувани „под стаклено ѕвоно“, вели д-р Дејвид Спикмен, главно медицинско лице во Центарот за рак „Питер Мекалум“.

- Нашите ставови за лекување на ракот мора да се променат. Сите пациенти со рак ќе имаат корист од вежбањето - вели Дејвид.

На Никол Купер ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во фаза 4. Таа верува дека една од причините поради кои е жива е режимот на вежбање што го следела додека се лекувала.

- Кога ми беше дијагностициран ракот, ми беше препишан третман: хемотерапија и вежбање. Една година подоцна јас сум во ремисија благодарение на тоа што вежбав исто колку што примав терапија - вели таа.

Корми рече дека упатствата засновани на докази им препорачуваат на луѓето со рак да бидат физички активни колку што им дозволуваат нивната способност и состојбата. За значителни здравствени придобивки пациентите треба да се стремат кон најмалку 150 минути неделно аеробни вежби со умерен интензитет и две до три вежби за отпорност (како што е кревање тегови).

- Овие препораки треба да бидат приспособени на индивидуалните способности за да се минимизира ризикот од компликации и да се максимираат придобивките - вели Корми.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје