X
 24.01.2024 Наука

Дали скршеното срце може да ве убие?

Тешка емоционална или психолошка вознемиреност може да предизвика синдром на скршено срце.

Без оглед дали станува збор за раскинување на романтична врска, предавство од личност за која верувавте дека ви е пријател или непредвидливо, трауматично искуство, секој има доживеано болно чувство што може да предизвика скршено срце. Емоционалната и психолошката вознемиреност што произлегува од овие искуства може да се изедначи со физиолошка вознемиреност и вистинско оштетување.

Болка во срцето и физичка болка

Кога доживуваме вознемиреност психолошки или емоционално, тоа го активира истиот дел од мозокот кој реагира на физичка повреда со физичка болка. Емоционалната болка се чувствува физички. Кршењето на срцето предизвикува физичка болка. Во зависност од личноста, да се биде „болен во срцето“ може да биде поврзано со дигестивни нарушувања, како што се стомачни болки и гадење.

Тоа може да влијае врз когнитивните процеси, што доведува до проблеми со меморијата или тешкотии во вербалното изразување. Може да го погоди респираторниот систем со тоа што ќе се борите за здив или ќе го задржите здивот. Може да биде засегнат и нервниот систем, така што би почувствувале дека имате слаби колена. Може да биде засегнат и циркулаторниот систем, а крвниот притисок може да се покачи, срцето може силно да чука и во тешки случаи, срцето буквално може да ви се „скрши“.

Синдромот на скршено срце, кој во медицинската област е познат како такоцубо кардиомиопатија или стрес-кардиомиопатија, е реален. Станува збор за вистински физиолошки одговор на повеќе форми на траума, вклучително и кршење на срцето, губење на саканата личност и други значајни стресни фактори. Во некои ретки случаи скршеното срце може да биде фатално.

Луѓето што доживуваат синдром на скршено срце или стресна кардиомиопатија имаат слични симптоми како вистински срцев удар, вклучувајќи ја и силната болка во градите што ја поврзуваме со срцев удар. Сепак, артериите изгледаат нормално и не се опструирани. Постојат две форми на такоцубо кардиомиопатија; примарниот тип е предизвикан од емоционална вознемиреност, а секундарната форма е предизвикана од физичка повреда или стрес, како што е голема физичка траума или некоја болест.

Не е изненадувачки што примарниот тип има многу подобра прогноза од секундарниот тип. Се верува дека почетниот стрес може да предизвика хиперпродукција на катехоламини, кои влијаат врз срцето.

И мажите и жените можат да доживеат стрес-кардиомиопатија, но оваа состојба им била дијагностицирана на повеќето жени. Покрај тоа, жените поминуваат подобро од мажите и имаат пониска стапка на смртност од мажите. Се верува дека мажите почесто имаат повеќе компликации или критичен основен проблем. Исто така, ова сугерира дека мажите можеби имаат помала веројатност да бараат помош.

Што помага во лекувањето?

Сите знаеме дека не постои лесен пат до заздравувањето на скршеното срце, без разлика дали тоа е резултат на траума, раскинување или предавство. Ако ви е дијагностицирана такоцубо кардиомиопатија или синдром на скршено срце, препорачаните третмани се лекови и одмор в кревет. 

Извор: Psychologytoday.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука