X
 17.02.2015 Образование

На Економски и Правен студентите одат на предавања

Додека на Филолошкиот и Филозофскиот факултет на големо продолжува окупацијата, исто како и на техничките факултети, се чини дека поддршката која доаѓа од страна на економистите и правниците е само делумна.


Студентите од Економскиот факултет денес седнаа во предавалните и чекаат да започнат предавањата, додека оние од Правниот факултет веќе имале предавања утринава, а се чини и вчера. 

Моментално е во тек состанок на интерниот пленум на Економскиот факултет. Од Студентски пленум не' известија дека се планира организирање алтернативни предавања и на овој факултет, како и на Филолошкиот. За таа цел, студентите кои се на предавања ќе бидат повикани да им се придружат на своите колеги во целосната окупација на овој факултет. 

Што се случува? 

Прашавме неколку студенти кои чекаа почеток на предавања и тие изјавија дека морално ги поддржуваат своите колеги, но биле известени дека ќе бидат одржани предавања и затоа се појавиле на факултет.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование