Институтот „Квакарели Симондс“ (QS) објави нова ранг-листа со најдобрите универзитети во Европа за 2024 година. На листата се најдоа три универзитети од Македонија.
На ранг-листата се рангирани вкупно 688 високообразовни институции во Европа. На врвот е Универзитетот во Оксфорд (Обединето Кралство), па следуваат „ЕТХ Цирих“ (Швајцарија), Универзитетот во Кембриџ (Обединето Кралство), „Кралскиот колеџ Лондон“ (Обединето Кралство) и Лондонскиот универзитетски колеџ (Обединето Кралство).
На листата се најдоа три универзитети од Македонија. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се најде на 439. позиција, додека Универзитетот „Гоце Делчев“ и Универзитет на Југоисточна Европа се рангирани во групата помеѓу 551 и 600.
Од земјите во регионот, Универзитетот во Љубљана се најде на 204. место, Универзитетот во Белград е на 252. место, Универзитетот во Загреб е на 260. место, бугарскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ се најде на 272. место, а Универзитетот во Сараево е на 488. место.
Извор:
Top universities
Насловна фотографија: Facebook