Веќе три дена јадат, седат, творат, спијат на Филолошкиот, односно Филозофскиот факултет при УКИМ. Во текот на овие дни на студентите им се придружија средношколци, професори и граѓани. Поддршката е тука од страна на речиси сите професори на факултетите кои се окупирани. Студентите не се откажуваат.
Додека се движите низ факултетот може да забележите многу храна, која е донација од разни фирми и индивидуалци. За првпат досега има сапун и хартија во тоалетите! По ходниците има врвни уметнички парчиња, а атмосферата е подигната на позитивно ниво благодарејќи на музиката. Изгледа дека дечките успеале да се организираат во се'.
Денес имаше трибини, читање драмски текстови и прикажување студентски филмови. Уште малку ќе се спие. И за тоа се' е подготвено.
Ние сме таму и „твитаме“ во живо. Најдете не'
ОВДЕ.
ГАЛЕРИЈА