X
 04.07.2023 Образование

Ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола го кажаа своето мислење за УКЛО

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола одржа серија работилници во кои беа вклучени и средношколци од битолските училишта.

Меѓу почестите гости во Студентскиот информативен центар беа ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. Тие имаа можност да се запознаат со начините на кои УКЛО развива и негува најразлични активности.

Професорката по менаџмент, Мирјана Лозановска, оценува дека ова е најприродниот и непосреден начин на поврзување меѓу средношколците со Универзитетот, едно директно запознавање со академската средина и академските услови, запознавање со функционирањето во високото образование. Искуството што гимназијалците го имаа со УКЛО преку вклучување во различни настани или работилници, според неа, претставува и еден од начините на кои УКЛО им се доближува на средношколците, од кои еден дел се идни студенти на УКЛО.

Некои од нив за Факултети.мк споделија впечатоци од една од повеќето реализирани средби на УКЛО. Еве дел од мислењата на ученици од гимназијата за СИЦ и Правниот факултет.

- Да се почувствува како изгледа и функционира еден универзитет е навистина неописливо искуство. Благодарение на предметот Менаџмент, ја имав можноста на еден ден да ја почвуствувам магијата на Правниот факултет во нашиот град Битола. Факултет кој ми остави голем впечаток поради одличната програма и односот на професорите кон нас, учениците.

Додека, пак, посетата на библиотеката засекогаш ќе ми остане во сеќавање како клучното богатство на Универзитетот поради големиот број книги. Удобно место во кое имаат можност да учат студентите.

Посета со која научив многу и која ќе остане уште долго во мојата меморија.

Ангел Божинов

1

- Со посетата на Правниот факултет во Битола добив уште една визија за можноста за студирање во мојот роден град. Секако, приемот од страна на реномираните професори ми остави впечаток за нивната посветеност кон работата. Исто така, едукативната презентација што ни ја претставија за нивната организациона структура ми беше од корист по предметот Менаџмент.

Посетата на универзитетската библиотека ми остави впечаток како пријатно место за учење, додека пак богатиот избор на стручни книги им помага на студентите да се снабдат со потребните материјали за постигнување подобри резултати и повеќе знаење.

Магдалена Ѓеровска

3

-Како средношколци научивме многу нови нешта, а сето тоа благодарение на нашите професори, кои беа иницијатори за посета на универзитетската библиотеката и Правниот факултет.

Библиотеката е толку убава и голема. Каде и да погледнеш шаренило, преубави бои, голем број различни книги. Тивка просторија, каде што можеме слободно да учиме. Голем впечаток ми остави посветеноста на предавањето од страна на професорите на Универзитетот, кое за нас беше доста едукативно. Односно запознавањето со начините на кои УКЛО ги развива спортските активности, како и менаџирањето на еден спортски натпревар, кој на екраните го гледаме само како една слика. Слика зад која стои огромна задача и цел тим кој работи заедно и посветено.

Возбудливо беше кога го посетивме Правниот факултет. Предавањето беше интересно поради тоа што имав можност да научам повеќе за УКЛО, за работата и организациската структура на самиот универзитет. А тоа ми помогна во знаењето и практичната работа по предметот Менаџмент.
Искуството што го стекнав со посетата на овие две места е од непроценливо значење за мене. Ми остави позитивен и незаборавен впечаток.

Јована Митревска

jovana

- Посетата на Правниот факултет беше една добра можност да се запознаеме со нешто ново надвор од предметите Менаџмент и Економија, стекнавме нови знаења за функционирањето на факултетот и вложениот труд на професорите и нивната хуманост, трпеливост и соработка во просторијата полна со најразлични видови на книги. Одлично место за студентите кои го посакуваат тој правец во иднина. Мило ми беше што имав шанса да го посетам факултетот

Дарко Коруновски

darko

- Презентацијата одржана во библиотека на Правниот факултет ми остави силен впечаток. Универзитетот ја покажа својата посветеност да обезбеди сеопфатно образовно искуство со истражување на уникатна тема. Презентацијата не само што ја истакна посветеноста на Универзитетот на академска извонредност, туку и неговиот напреден пристап кон правното образование. Улогата на библиотеката како место за вакви настани дополнително го зацврсти мојот впечаток за Универзитетот како место кое го цени интелектуалниот раст и негува силно чувство за заедница меѓу неговите студенти и професори.

Ангела Тошева

2

Инаку, на УКЛО се одржани и предавања посветени и на спортот и рекреацијата. Воспоставената конекција меѓу студентите и средношколците како потенцијални бруцоши е оценета како еден од начините УКЛО да „покаже“ уште една своја социјална „страна“, надвор од академските аули и да помогне во ширењето на позитивната свест и едукација за важноста од редовните физички вежби, психофизичкиот развој на младите и развојот на натпреварувачки дух, зачувување на здравјето и борба против зависностите.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование