X
 26.01.2015 Образование

Студентски водич за студирање во Велика Британија

Разбирливо е да бидете нервозни кога одите да студирате во странство. Ќе бидете далеку од дома, ќе бидете сами и ќе ги искусите сите нови работи и различни места кои земјата има да ги понуди.

 

1


Доколку студирате во Велика Британија, тогаш постојат неколку корисни работи кои треба да ги знаете во однос на културата, предрасудите и како да се справите со времето.

Бруцошка недела

Бруцошката недела на факултет е обично првата недела таму, позната во Британија и како „orientation week“, кадешто универзитетите им посакуваат добредојде на новите студенти и им даваат различни активности за да се вклучите. Ова е одлично место за да запознаете нови пријатели.

Времето

Сигурно сте слушнале претходно за озогласеното и непредвидливо, сиво британско време и влажните лета. Иако тоа е причина Британците често пати да плачат за тоа колку е лошо, тоа не ги запира да уживаат. Британија е домаќин на некои од најдобрите летни фестивали - навистина ќе уживате додека танцувате во дождот. Исто така, времето е клучната тема за разговор. Доколку сте заглавени во разговорот, најдобриот начин да започнете тема е едноставно да кажете „ужасно/прекрасно време денес, нели?.

Британски хумор

Шегите ќе бидат дел од вашиот студентски живот, такашто треба да знаете дека британскиот хумор е составен од сарказам и шегување на ваша сметка. Ако не сте навикнати на овој начин на шегување, тогаш сигурно ќе помислите дека луѓето се ужасни кон вас. Затоа, треба да го запознаете нивниот хумор и да видете дека на тој начин тие покажуваат внимание.

Шолји чај

Чајот е прилично голема работа, меѓутоа погрешни се предрасудите и стереотипите дека се пие прекумерно овој топол пијалок. Не се грижете доколку повеќе сакате кафе, Британија не е заглавена во Викторијанското доба, кадешто чајот се служел во 2 часот попладне. Постојат многу кафулиња кои можете да ги посетите и кои нудат одлично кафе.

Валута


Исто како возењето налево, Велика Британија сака да биде поинаква од другите кога станува збор за валутата. Таа го одби еврото, и ја задржа својата британска фунта. Доколку размислувате да патувате низ Европа за време на вашиот престој, британската фунта не може да се користи за плаќање во другите земји надвор од Велика Британија.

Затоа, најдобро би било да ја промените валутата додека се`уште сте во Британија, а најдобро би било тоа да го направите во поштата, со оглед на тоа што имаат студентски стапки во голем број на филијали кои ќе ви помогнат да заштедите пари. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование