Дигиталното номадство е во пораст откако ограничувањата на границите се укинати, а сѐ поголем број дестинации ги отвораат вратите за работниците на далечина. И покрај тоа што се соочува со силна конкуренција на теренот, Македонија е прогласена за еден од најбрзорастечките центри за дигитални номади во светот.
Минатата година неколку земји во Европа лансираа сопствена дигитална номадска виза (DNV), дозволувајќи им на Американците да останат на континентот подолго од вообичаените 90 дена како туристи, од прекрасниот португалски брег на Атлантскиот Океан, до грчките острови. Интересно е што ниедно од тие места не било толку привлечно за дигиталните номади како овој помалку познат балкански скапоцен камен.
Но, таа е трета најмалку посетувана земја во Европа, зад микродржавата Лихтенштајн и Молдавија.
Зошто Македонија е игнорирана од туристите?
Ова, секако, не се должи на недостиг на знаменитости или светски чуда, туку на фактот дека се граничи со некои од најпопуларните места на Медитеранот, како и фактот дека нема директен пристап до море. Причина е и тоа што има ограничени опции за летови.
Но, сега потенцијалот на земјата конечно излегува на површина. На почетокот на ковид-кризата, кога сите земји во Европа им забранија пристап на Американците носејќи драконски мерки за запирање на туризмот, Македонија беше една од неколкуте што останаа достапни за странците.
Дури и пред воведувањето на вакцините, Македонија ги поздрави номадите без ограничувања. Заедно со други балкански партнери кои беа надвор од сферата на влијание на Брисел, долго време тоа беше нивна единствена порта во Европа во време кога Португалија, Франција, Италија и други земји ги враќаа туристите на граница.
Според најновите податоци споделени од „Номад лист“, главниот град на Македонија, Скопје, е вториот најбрзорастечки дигитален номадски центар во последните пет години, со импресивен раст од 417 отсто на годишно ниво од 2018 година.
Во 2022 година пријавувањето на долгорочните патници повторно се зголеми за 173 отсто, а по 21 ден во 2023 година за дополнителни 27 отсто.
Фото: Freepik
Зошто Македонија е популарна меѓу номадите?
Затоа што не е премногу населена, евтина е и исто толку културно богата како и кое било друго место во Европа. Во просек, 56,2 отсто е поевтино да се живее во Скопје отколку во САД или во поголемиот дел од западноевропските земји.
Но, ова не е единствена причина зошто номадите се одлучуваат за Македонија. Без разлика дали се работи за пешачки патеки во планински предели, совршено зачувани средновековни замоци и градови со калдрма, ски-центри или кристално чисти езера, Македонија нуди по нешто за секој номад.
Дали постои македонска дигитална номадска виза?
Властите ги објавија плановите за воведување дигитална номадска виза уште во јануари 2021 година. Проектот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, а кога официјално ќе биде промовиран, ќе им овозможи на работниците од далечина да останат во земјата до една година (со потенцијално продолжување).
Недостигот на формална категорија номадски визи не е пречка, туку можност: номадите добиваат 3-месечен престој кога пристигнуваат како туристи, а поради релаксираната гранична политика на Балканскиот Полуостров, може да го поделат времето меѓу различни земји во источниот блок и да го продолжат времето во Европа неодредено.
Ова е целата листа со најбрзорастечките дигитални номадски центри и нивниот раст во последните 50 години:
Палермо, Италија – 500 отсто
Скопје, Македонија – 417 отсто
Азори, Португалија – 361 отсто
Ереван, Ерменија – 308 отсто
Мајорка, Шпанија – 292 отсто
Лима, Перу – 261 отсто
Пуебла, Мексико - 250 отсто
Тбилиси, Грузија – 239 отсто
Софија, Бугарија – 237 отсто
Каиро, Египет – 231 отсто
Извор:
Traveloffpath.com
Фото: Freepik