Како да се опише секојдневието на еден студент? Прашајте ги студентите. Што велат тие на тоа?
„Еве, уште малку и почнувам да учам турбо!“
„Некој не стигнува да запише втора година. Јас ја запишав двапати!“
„Ми фали ден помеѓу сабота и недела.“
„За време на испитите станувам вистински сликар, а скриптата ми е уметничко дело.“
„За четири години студии по економија најдобра пракса ми беше пополнувањето уплатници.“
„Можеби треба да започнам да се потпишувам ,африканска слива' на испитите. Таа никогаш не паѓа.“
„Следниот семестар ќе одам на сите предавања и вежби!“
„Колку и да учам, пред испит ништо не знам.“
„Никогаш не ги гледам одговорите во книгата по испитот. Барем така може да живеам во заблуда до резултатите.“
„За време на испитната сесија желбата за учење е обратно пропорционална од желбата за храна.“
„Собата не беше средена три месеци. Еве сега почнав, ден пред испит.“
„Со некои предмети се мачам како Којотот со Птицата Итрица. Никако да фатам шестка.“
„Студирање е да не учиш ништо цел ден, цело време да знаеш дека тоа не е во ред и повторно да не учиш.“
„Кога ќе дипломирам има да се напијам со внуците па нека биде што биде.“
„Со учење започнувам на точен час. Доколку пропуштам минута чекам до следниот.“
„Моето учење има две фази: Има уште време и Сега веќе е доцна.“
„Денес одмарам, од утре ќе учам.“
„Има два видови учење:
- Ова е многу тешко, не го учам!
- Ех, ова е лесно, не го учам!“