На денешниот состанок присуствуваа претставници на УКИМ со претставници на студентскиот и професорскиот пленум, претставници на Владата на РМ и на Министерството за образование и наука и беа изложени гледиштата за состојбите во високото образование во РМ.
Врз основа на излагањата беше договорено низ отворен дијалог да се дојде до заеднички решенија за унапредување и обезбедување на квалитетот во високото образование.
Во таа насока беше заклучено да се формира работна група со претставници од Универзитетот вклучувајќи ги студентскиот и професорскиот пленум, како и претставници на МОН која во рок од 30 дена ќе изготви анализа на состојбите врз основа на која ќе се дефинира концептот за изработка на законски текст за високото образование.
Истовремено беше договорено во наредните денови повторно да се одржи средба во истиот состав.
Средбата траеше 4 и пол часа, а на истата присуствуваше и Зоран Ставерски, како и Кирил Спирковски, претседател на СПУКИМ.
Студентскиот пленум најави дека ќе излезе со свое соопштение во врска со денешната средбата.