Студентите во Индија ќе мора да одат боси на некои испити.
Се чини дека препишувањето од ливчиња е минато - полицијата на индиската држава Раџастан уапси банда која наводно продавала влечки во кои бил скриен безжичен уред со СИМ-картичка, поврзан со толку мали слушалки што ги собира во ушниот канал.
Властите соопштија дека уредот бил наменет за студенти кои полагале стручен испит за наставници, а испитните центри биле предупредени, па вовеле ново правило - учениците мора да ги остават чевлите и чорапите на 200 метри од училницата.
Фото: Screenshot/BBC