Ова се правилата на живот според познатиот Далај Лама. Доколку во животот се раководите според нив, ќе доживеете мир и среќа.
1. Земете во предвид дека големата љубов и големите постигнувања вклучуваат голем ризик.
2. Кога губите, не ја губете лекцијата.
3. Следете ги овие правила:
- Почит кон себеси;
- Почит кон другите;
- Одговорност за сите сопствени акции;
4. Запомнете дека со тоа што нема да го добиете она што го сакате, понекогаш е прекрасен удар на среќата.
5. Научете ги правилата за да знаете како соодветно да ги прекршите.
6. Не дозволувајте мала расправија да повреди убаво пријателство.
7. Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, веднаш преземете чекори за да ја поправите.
8. Секој ден поминувајте мал дел од денот сами.
9. Отворете ги рацете за промена, но во никој случај не ги испуштајте вашите вредности.
10. Запомнете дека тишината некогаш е најдобриот одговор.
11. Живејте добар, чесен живот за кога ќе остарите и ќе размислите за минатото, да можете да уживате во него по втор пат.
12. Љубовната атмосфера во вашиот дом е фондацијата за вашиот живот.
13. Во несогласувањата со саканите, справете само со моменталната ситуација. Во никој случај не го споменувајте минатото.
14. Споделете го вашето знаење. Тоа е начин за да постигнете бесмртност.
15. Бидете нежни со Земјата.
16. Еднаш годишно, одете на некое место на кое претходно не сте биле.
17. Запомнете дека најдобрата врска е онаа во која љубовта еден кон друг ја надминува потребата еден кон друг.
18. Не го судете вашиот успех според она од кое сте морале да се откажите за да го добиете.