Стареењето може да изгледа како застрашувачки процес, но според низа научни студии откриваат дека младоста и не е баш најдобриот период. Има многу случаи кога на луѓето им е подобро во средни или постари години.
Тинејџерите можеби ја имаат виталноста на своја страна, но постарите луѓе се генерално постабилни. Истото е и со други неколку феномени кои луѓето ги искусуваат како што стареат.
Фото: Freepik
Многу од обележаните точки се однесуваат на просеци. Еве на што треба да се радувате како што ќе стареете.
1. Учењето на втор јазик е најлесно кога имате 7 или 8 години.
2. Процесирањето во мозокот е на врвот на 18 години.
3. Способноста да се запамтат непознати имиња е најголема на 22.
4. Жените најмногу се привлечни за мажите на 23 години. А привлечноста на мажите за жените се подобрува со текот на стареењето.
5. Задоволството од животот е првично на врвот на 23.
6. Силата е на врвот на 25.
7. Врвот кога човекот чувствува потреба да се „смири“ е 26.
8. Просечната возраст за реализирање на маратон е 28.
9. Масата на коските го дотигнува врвот на 30.
10. Играчите на шах се најдобри на 31.
11. Најдобро запомнувате нови лица на 32.
12. Добитниците на Нобелова награда ги имаат своите најголеми откритија на 40, во просек.
13. Платите на жените се најголеми на 39, а на мажите на 48 години.
14. Разбирањето на туѓите емоции го достигнува врвот во 40-те и 50-те години од животот.
15. Аритметичките вештини се најсилни на 50 години.
16. Животното задоволство повторно се активира на 69.
17. Вокабуларот е најбогат во доцните 60-ти и рани 70-ти години.
18. Мажите и жените се чувствуваат најдобро за своите тела по 70 години.
19. Луѓето навистина се помудри како што стареат.
20. Психолошката добра состојба го достигнува врвот на 83 години.
21. Луѓето најмногу донесуваат големи одлуки кога нивната
возраст завршува на 9.