X
 22.02.2017 Политика

Правила според Алински: „Исмејувањето е најмоќното оружје на човекот“

Саул Дејвид Алински почина 36 години пред Барак Обама да биде избран за претседател и пред кандидатурата на Хилари Клинтон за претседател на САД. Но, на социјалните медиуми, радио и „YouTube“ се шират информации дека Алински е скриен позади овие политичари како Распутин. Добивал критики од многумина и бил именуван како „слуга на ѓаволот“.

Алински ја напишал „Правила за Радикалите“ и во периодот помеѓу 30-те до 70-те години, ги организирал сиромашните луѓе, припадници на работничката класа од Чикаго и другите градови во акции за граѓански права. Во почетниот параграф во неговата книга пишува:

„Она што следува е за оние кои сакаат да го сменат светот од тоа што е во тоа што веруваат дека треба да биде. „The Prince“ е напишана од Макијавели за богатите за тоа како да ја задржат моќта. Оваа книга е напишана за сиромашните и како да ја одземат таа моќ“.

Во неговата книга тој порачува претежно да се работи во рамките на системот. Ова е листата на 13-те правила за радикалите напишани од Алински:

1.    „Моќта не е само она што го имате, туку она што непријателот мисли дека го имате“. Моќта произлегува од два главни извори – пари и луѓе. Сиромашните мораат да ја изградат моќта од месо и крв.

2.    „Никогаш не излегувајте надвор од експертизата на вашите луѓе“. Резултира со конфузија, страв и повлекување.

3.    „Кога е тоа можно, излезете надвор од експертизата на непријателот“. Барајте начини за да ја зголемите несигурноста, анксиозноста и неизвесноста.

4.    „Направете непријателот да живее според неговата сопствена книга на правила“. Ако правилото е дека секое писмо добива одговор, испратете 30 илјади писма. Можете да ги убиете со ова бидејќи никој не може да си ги послуша сопствените правила.

5.    „Исмејувањето е најмоќното оружје на човекот“. Нема одбрана. Ирационална е. Исто така функционира како клуч за притисок за да се примора непријателот на отстапки.

6.    „Добрата тактика е онаа во која вашите луѓе уживаат“. Ќе продолжат да уживаат без да бараат повеќе.

7.    „Тактиката која се одолговлекува се претвора во товар“. Не бидете застарени.

8.    „Одржувајте го притисокот. Не попуштајте“. Постојано пробувајте нови работи за да ја држите опозицијата во дисбаланс. Кога опозицијата ќе го согледа едниот пристап, нападнете ја со нешто ново.

9.    „Заканата е обично позастрашувачка од самата опасност.“ Имагинацијата и егото можат да мечтаат за многу повеќе последици отколку активистот.

10.    „Главната премиса за тактиките е развојот на операциите кои ќе одржат константен притисок кон опозицијата“. Непрекинатиот притисок е оној кој резултира со реакции од опозицијата кои се есенцијални за успешна кампања.

11.    „Ако притискате негативност доволно, таа ќе премине во позитива“. Насилството од другата страна може да ја освои публиката во ваша корист бидејќи публиката го симпатизира поразениот.

12.    „Цената на успешниот напад е конструктивната алтернатива“. Никогаш не дозволувајте непријателот да поентира бидејќи вие немате решение на некој проблем.

13.    „Одберете ја целта, замрзнете ја, персонализирајте ја и поларизирајте ја“. Изолирајте ја целта од симпатии. Одете по луѓето, а не по институциите. Луѓето страдаат побрзо отколку институциите.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика