X
 18.09.2018 Наука

Конечно знаеме што наследуваме од мајката, а што од таткото

Повеќето луѓе не треба ни да се погледнат во огледало за да сфатат кои физички карактеристики ги наследиле од мајката, а кои од таткото. Сепак, она што многумина не го знаат е кои болести им ги „подариле“ гените на мајката, а кои на таткото. Американската генетичарка Шивани Назарет тврди дека високиот холестерол е прв на списокот, а за него се виновни двајцата родители.

- Еден од 500 луѓе има генска мутација што е причинител за холестеролот кој може да предизвика срцев и мозочен удар - вели Шивани, додавајќи дека од тоа нема да ве спаси ни веганска диета, ни трчање маратон бидејќи наследните гени си го прават своето.

Кога станува збор за рак на дојката и на јајчникот, повеќето жени се фокусираат на мајката, но вистина е дека ризикот можете да го наследите и од таткото. Гените „BRCA1“ и „BRCA2“ со кои се раѓа секој човек, може да создадат проблеми ако мутираат, па жените кои ја наследуваат мутацијата на еден или на двата „BRCA“ гени од еден од родителите имаат поголем ризик за појава на настинки, рак на дојката или на јајчникот. Исто така, мажите што наследуваат мутиран ген имаат поголем ризик за рак на простатата.

1
Фото: Instagram


За ќелавоста на мажите виновна е мајката. Шивани вели дека генот „Х“, кој игра главна улога во губењето на косата, мажите го наследуваат од мајката. Но, пред да ја обвините сопствената мајка, имајте на ум дека и околните фактори може да дадат свој придонес.

Болестите на срцето исто така се наследуваат од мајката. Д-р Назарет вели дека ако вашата мајка имала проблеми со срцето, шансите дека ќе ги имате и вие се искачуваат на 20 отсто.

Д-р Кејт Хенри од Универзитетот во Њујорк тврди дека ако вашите родители имале мигрена, 80 отсто се поголеми шансите дека ќе страдате и вие, а кога станува збор за психичките болести, веројатноста да заболите од депресија, биполарно однесување и шизофренија изнесува 10 отсто.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука