X
 30.01.2020 Наука

Откриен сосема нов вид аурора бореалис

Соработката помеѓу физичарите и аматерите-љубители на небото даде откритие за она што истражувачите велат дека е непознат вид аурора бореалис.

Наречени „дини“, овие светлечки, мрачни обрасци се чини дека не се вклопуваат во никакви утврдени категории на аурора бореалис, а сега се документирани затоа што ги откриле вселенски фотографи и професионални астрономи во Финска.

Ако ова ви звучи познато и можеби размислувате за Стив - слична форма на аурора бореалис идентификувана во 2017 година, грешите.

И покрај возбудата поради неговото откритие, истражувањата покажаа дека Стив не е аурора, туку сличен вид атмосферски сјај произведен од наелектризирани честички што течат низ јоносферата на Земјата.

Додека пишувала водич за аурора бореалис (поларната светлина), на вселенската физичарка Мина Палморт од Универзитетот во Хелсинки вниманието ѝ го привлекле дините, кои во тоа време не се вклопувале во познатите видови аурора бореалис.

1
Фото: Jani Närhi

Непосредно пред објавувањето на книгата, членовите на финската заедница составена од луѓе чие хоби е астрономијата повторно ги идентификувале и фотографирале дините на небото и ги споделиле сликите со Палморт и нејзините колеги за тие да можат да ги истражат.

- Еден од најнезаборавните моменти на нашата истражувачка соработка беше кога феноменот се појави во тоа специфично време и ние бевме во можност да го испитаме во реално време - вели Мети Хелин, чие хоби е астрономијата.

- Беше како да разрешуваме загатка и како да спроведуваме детективска работа. Секој ден наоѓавме нови слики и доаѓавме до нови идеи - рече тој.

Плодовите на тој тимски напор сега се документирани во новообјавениот научен труд, во кој детално е опишано како функционирала соработката и објаснети се дините.

Според истражувачите, дините се појавуваат на надморска височина од околу 100 километри, во горниот дел од мезосферата, и се видливи од различни локации во Финска и во Шведска.

Феноменот, кој бил забележан седум пати, се смета дека е пример за „мезосферски отвори“, манифестирајќи кога брановите на атомите на кислород во атмосферата се возбудени од интеракциите со сончевиот ветар, произведувајќи блескав ефект сличен на дините.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука