Во Македонија во раните утрински часови врнежите од дожд ќе престануваат. Во текот на денот ќе биде претежно облачно но и понатаму со услови за слаби локални врнежи од дожд. Врнежи од снег се очекуваат над 1800 метри надморска висина. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува и слаб североисточен ветер. Утринските температури од 2 до 8 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат дои 7 односно до 14 степени.
Во Скопје во понеделник ќе биде претежно облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна температура до 10 степени
Weather4all.com.mk