Островите Мариета се наоѓаат во близина на Најарит во Мексико. Од периодот кога островите биле прогласени за национален парк било забележано збогатување на морскиот живот. Во текот на изминатите неколку години, островите станале популарна туристичка дестинација поради богатата фауна.
Помеѓу другото, туристите доаѓаат и да ја видат Плажата на љубовта која некогаш ја нарекуваат „скриена плажа“. Таа е нарекувана така бидејќи е скриена во пештера и до неа може да се стигне само со пливање низ краток тунел. Островите се формирале пред повеќе илјадници години од вулканска активност.
Бидејќи биле ненаселени, мексиканската влада започнала да ги користи за тестирање на воени оружја пред Првата светска војна. Контролираното бомбардирање создало повеќе пештери и други уникатни форми. Се верува дека скриената плажа е резултат на едно од овие бомбардирања, кое било следено од природна ерозија на карпите.