X
 02.04.2019 Живот

Како би изгледале Грејс Кели и Одри Хепберн според денешните стандарди на убавина?

На само 16 години Кајли Џенер во устата ја вшприцала првата инјекција, а тоа придонесе генерации девојки и жени да ги „пумпаат“ усните.

По неколку години Кајли повторно ги намали усните, но интересот за „филери“ не престана. Тие се огледало на нашето општество опседнато со лажни слики од нашите „совршени животи“ и исти такви лица.

Уметникот Мет Меитленд тоа го искористил на најдобар начин. Задржувајќи се на вистинските ѕвезди што ја обележале златната ера на Холивуд, жени кои и денес важат за стилски икони, со харизма и сексапил, се обидел да прикаже како би изгледале со зголемени усни, според денешните стандарди на убавина.

Резултатите се трагикомични. Меитленд не сакал да критикува, туку на свој начин да го покаже феноменот на современата ера.

- Отсекогаш бев фасциниран од луѓе кои убавината ја носат до екстремност. Еден од моите идоли, Мајкл Џексон, ја истражуваше идејата за трансформацијата многу рано во неговата кариера. Козметичкиот пристап на убавината порано беше ограничен само за ѕвездите и ултрабогатите, а денес стана достапен за сите. Каде и да погледнеш, можеш да најдеш докази за тие современи идеали на убавината. Новото нормално можеш да го видиш низ цел свет. Затоа почнав да размислувам за идентитетот во нашето современо општество и како убавите жени од минатото, доколку денес би биле живи, би ги прифатиле современите козметички третмани и трендови - изјави Меитленд.

View this post on Instagram

Grace Kelly 2018 #matmaitland

A post shared by Mat Maitland (@matmaitland) on

View this post on Instagram

Audrey Hepburn 2018 #matmaitland

A post shared by Mat Maitland (@matmaitland) on

View this post on Instagram

Princess Diana 2018 #matmaitland

A post shared by Mat Maitland (@matmaitland) on

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот