X
 02.05.2018 Живот

Што ѝ се случи на најубавата плажа во Хрватска?

Хрватската плажа Стинива на островот Вис пред само две години беше прогласена за најубава плажа во Европа, на изборот на страницата „Дејли мејл“. Денес, за жал, ситуацијата е сосема поинаква.

plaza
Фото: Profimedia

Кога д-р Роберт Пашичко од Геотехничкиот факултет во Загреб се упатил на првото овогодишно капење на најубавата плажа на хрватскиот Јадран, го очекувала сосема поинаква глетка. Го затекнал морето, но море од ѓубре и една мајка која со своите две девојчиња за еден ден успеала да собере 40 кеси отпад.

„Требаше да биде пост за првото капење на сезоната, но кога на три најубави плажи гледаш толку ѓубре - плановите се менуваат. Пластиката во морето стана екоцид. На Стинива мајка со две девојчиња вчера успеа да собере 40 полни вреќи ѓубре. Ѝ помогнавме, но има уште најмалку 10 до 20 вреќи, кога би го собрале и ситното. Со дебилите што сонуваат за дупчење на Јадранот и електрана на јаглен, фали маса на позитивци за да не се претвориме во депонија и сето ова да не зависи од мајка со две девојки. На сликите се и плажите Заглав и Милна“, напишал професорот на својот фејсбук-профил.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот