Младите луѓе кои дипломираат на медицински факултети од Балканот се' почесто заминуваат на работа во европски болници и бањи како негуватели. Ситуацијата веќе станува алармантна во Србија.
Иако имаат завршен медицински факултет, младите доктори на Балканот не можат да чекаат на работа на заминуваат во Германија или скандинавските земји да работат како негуватели.
Александра Бер Божиќ, директорка на Средното медицинско училиште „7 април“ во Белград вели дека неделно добива по просечно четири барања за програмата за негуватели, а меѓу кандидатите има многу лекари.
„Ни доаѓаат и луѓе кои завршиле гимназија и бараат преквалификација во медицински техничари“, вели таа.
Младите доктори кои заминуваат на работа во странство велат дека го прават тоа бидејќи може да најдат работа во речиси секоја болница. Тие не се пријавуваат за работна позиција како доктор бидејќи за тоа е потребно одлично познавање на јазикот, но како техничари може да работат и со основно ниво.
Неофицијално, почетната плата за лица со завршено средно медицинско училиште изнесува 1.900 евра. Некои медицински техничари добиваат сместување и плата до 4.000 евра.
Дали истото не' очекува и нас?