X
 22.08.2021 Живот

Сигурни знаци дека сте под голем стрес и ви е потребен одмор

Секојдневниот стрес доведува до ментална и физичка исцрпеност. Постојат знаци што јасно укажуваат дека итно ви треба пауза од сѐ.

Колегите ве прашуваат дали сте добро

Другите луѓе веројатно пред вас забележуваат дека сте под стрес, раздразливи или нервозни. Ако колегите ви пријдат и ви кажат „изгледате уморно“ или „дали е сѐ во ред?“, тоа може да биде јасен знак дека ви треба пауза.

Често правите грешки на работа

Хроничниот стрес често е причина за грешки на работа и знак дека треба да забавите. Поради заморот ја губиме способноста да се фокусираме и не можеме да се посветиме на работата со целосно внимание.

Ве боли сѐ


Грбот, главата, очите, стомакот ... Кога сме под стрес, телото станува помалку отпорно на болка, па може да се случи да ве боли главата почесто од вообичаеното.

stres
Фото: Freepik

Имате проблеми со спиењето

Несоницата или зголемената потреба за спиење поради замор се исто така показатели за стрес. Понекогаш проблемите едноставно нѐ оптоваруваат премногу, па не можеме да заспиеме, а понекогаш сме толку летаргични што дремеме цел ден. Ниту една од овие состојби не е нормална - и двете јасно покажуваат дека ви треба одмор.

Повеќе не можете да ја поднесете вашата работа

Луѓето кои се под преголем стрес и притисок ја губат перспективата и не можат да најдат мотивација за работата што ја работат. Ова не е невообичаено овие денови кога сите сме преплавени со обврски. Меѓутоа, ако вашата работа станала неподносливо тешка, тогаш е вистинско време да се одморите.

Имате потреба да се изолирате

Немате волја да се дружите со пријателите, ги избегнувате нивните повици и едноставно не сакате да бидете со други луѓе. Сите ние повремено сакаме време за себе, но избегнувањето на интеракција со блиски луѓе е знак дека многуте обврски ве исцрпиле.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот