X
 13.05.2023 Забава

Луксузно одморалиште на Кариби бара креативец што ќе се грижи за содржината на неговите социјални мрежи

Доколку сте уморни од канцелариското работење, „Бордволк бутик хотел Аруба“ е во потрага по креатор на содржини на социјалните мрежи кој ќе живее на тропскиот остров еден месец, со платени трошоци.

- Ова е уникатна можност за сите страсни креатори на содржина да престојуваат во хотелот еден месец. Платени ќе бидат авионската карта и изнајмувањето автомобил, а креаторот на содржина ќе има и дневен џепарлак - вели Шари Силд, менаџер за продажба и маркетинг во хотелот.

Може да аплицира секој од која било земја во светот, иако предност ќе имаат оние со креативно искуство. Апликациите се прифаќаат до 30 јуни, а избраниот кандидат ќе биде објавен на 7 август. Престојот е закажан за септември или октомври, а летот е вклучен од матичната земја на кандидатот.

1
Фото: Boardwalk Boutique Hotel Aruba

Работата ќе вклучува документирање на деновите поминати на островот преку инстаграм-приказни и кратки видеа, создавање нова содржина за хотелот и Аруба како дестинација и споделување експертиза со маркетинг-тимот на хотелот.

Заинтересираните креатори на содржини кои сакаат да поминат еден месец опкружени со недопрени брегови и карпести заливи можат да дознаат повеќе на веб-страницата на хотелот ТУКА.


Извор: Thenationalnews.com
Фото: Boardwalk Boutique Hotel Aruba
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава