X
 23.11.2015 Живот

Зошто не треба да се оди на работа болен?

Дали сте од оние луѓе кои одат на работа дури и кога се болни? Тогаш, вие се наоѓате во една од две групи луѓе - луѓе кои ја сакаат работата или оние кои имаат финансиски проблеми или притисоци на работното место.

Ова е заклучок од анализа на 61 истражување спроведено во 34 различни земји на над 175.000 испитаници. Податоците биле анализирани од страна на Марела Мирала и Гери Џоунс од Универзитетот во Источна Англија и универзитетот „Конкордија“, кои сакале да ја откријат причината поради која некои луѓе доаѓаат на работа кога се болни.

Било откриено дека најголем дел од луѓето кои доаѓаат болни на работа имаат финансиски проблеми или се под стрес на работното место. Од друга страна, постои и група луѓе кои доаѓаат на работа додека се болни бидејќи ја сакаат работата и не сакаат да пропуштат нешто.

Меѓутоа, двете групи се многу помалку продуктивни додека се на работа отколку дома кога се болни. Имено, продуктивноста на болните работници е намалена за третина, а ефектот може да биде тројно полош доколку се работи отколку да се боледува дома.

Доколку се наоѓате во една од овие групи, седете дома додека сте болни - подобро е за сите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот