ПРВ ПРОМОТИВЕН НАСТАН НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ
„Можности за финансирање на иновативни проекти на старт-ап и спин-оф компании“
Во понеделник, на втори март 2015 година, од 10 часот во Салон 19,19 во Скопје, ќе се одржи првиот промотивен настан на Фондот за иновации и технолошки развој на тема: „Можности за финансирање на иновативни проекти на старт-ап и спин-оф компании“.
Целта на настанот е запознавање со можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот за иновации и технолошки развој, како и споделување на успешни иновациски приказни од регионот.
На настанот свое излагање ќе имаат претставници од Фондот за иновациска дејност на Србија кои ќе ги претстават своите искуства во финансиската поддршка на иновациите. Присутните ќе имаат можност да слушнат успешни приказни на српски иноватори и претприемачи кои со помош на државно финансирање успеале да ги развијат своите иновативни идеи. На настанот ќе има излагање и д-р Петар Моѓуроши, експерт во областа на управување со иновации, соработка меѓу индустријата и истражувачката дејност, како и трансфер на технологии. Настанот е организиран со поддршка на Град Скопје.
Фондот за иновации и технолошки развој го отвори првиот повик за инструментот Kофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации. Инструментот е наменет за финансирање, микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Македонија, коишто постојат најмногу 6 години, а е со цел поттикнување на иновативноста кај претпријатија, имплементирање на иновативни решенија и поддршка на претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст. За повикот се обезбедени средства во износ од 600.000 евра и рокот за поднесување апликации е 18 април 2015 год.