НАСА ќе финансира 15 нови проекти со надеж дека некој од нив ќе предизвика големи откритија кои ќе имаат огромно влијание на истражување на вселената. Новите проекти се финансирани во склоп на серијата иновативни напредни концепти на НАСА.
Роботска лигња
Еден од проектите е робот во облик на лигња кој би можел да биде користен за истражување на месечината на Јупитер, Европа. Предложениот робот би користел магнетни полиња за производство на електрична енергија со која би се раздвојувале молекулите вода на составни атоми во процесот наречен електролиза. Со електролиза се добиваат водород и кислорот кои би биле подготвени во некој од краците на роботот.
Водородот гори, а кислородот разгорува, па смесата од двата е доволна за согорување со која би се зголемил волуменот на краците на роботот. Тоа зголемување на волуменот би го менувало обликот на краците и со тоа би се создавало движење низ течна или друга површина на некое небесно тело.
Бушење астероиди со сонцеви зраци
Оптичкото рударство е можеби најинтересниот проект. Најголемиот проблем за истражување на сончевиот состав е големата потрошувачка на гориво при излегувањето од гравитациското поле на Земјата. Овој проект би го решил проблемот со горивото така што би заробил некој астероид во близина на Земјата и со фокусирани сончеви зраци би бушел во него. Многу астероиди содржат големо количество мраз и со проектот би се собирало огромно количество вода со релативно мала опрема. Таа вода би можела да се искористи од други летала како гориво за истражување на сончевиот состав.
15-те проекти кои биле одбрани од НАСА ќе добијат 100.000 долари за извршување прелиминарни анализи, а потоа истите ќе може да се пријават за втората фаза од програмата, која носи 500.000 долари и финансира дополнителни 2 години истражувања.